Ви треба приклучен уред или инерцијална сопирачка за приколката? Тогаш Valeryd е одговорот. Ние произведуваме висококвалитетни инерцијални сопирачки и приклучни уреди што одговараат на најголемиот дел од караваните и приколките достапни на пазарот. Со нас на ваша страна можете секогаш да се чувствувате безбедни.
Приклучни уреди
Во производниот асортиман на Valeryd ќе најдете и приклучни уреди за приколки со сопирачки од 750 до 3500 kg приколки без сопирачки од 750 до 1200 kg. Ако не сте сигурни дали приклучниот уред оговара на вашата приколка, тоа може лесно да се реши. Само побарајте на нашиот вебсајт.
Инерцијални сопирачки
Постојат примери на генијални технологии што можат да ве восхитат, инерцијалната сопирачка е таков пример. Сопирачката од овој вид ја забавува приколката со помош на сопствената маса на приколката. Инерцијалните сопирачки на Valeryd се совршени за приколки и каравани со сопирачки од 950 до 3500 kg.
Повеќе информации:
Инерцијалната сопирачка е прикачена на автомобилот преку делот за прикачување. Техниката на овој дизајн вклучува дел за прикачување што е поставен на цевка што може да се движи напред-назад, што значи дека кога ќе се активираат сопирачките на автомобилот се притиска и инерцијалната сопирачка. Инерцијалната сопирачка и сопирачките на тркалата се поврзани преку преносот на сопирачките. Силата што се појавува се пренесува од цевката во инерцијалната сопирачка на сопирачките на тркалата преку сајли и прачки. Силата што се генерира во инерцијалната сопирачка го активира механизмот за сопирање во сопирачките на тркалата. Тоа предизвикува триење меѓу барабанот на сопирачката прикачен на тркалото и облошките на сопирачката. Ова триење значи дека брзината на приколката се намалува и композицијата од возила забавува. Генијално решение кое навистина го олеснува превозот на нешто од А до Б.