Историјата на Valeryd започна во 1958 година кога претприемачот Сиге Адолфсон од Ведум побара од браќата Брент и Пер-Ове Ларсон од Ларв да му помогнат. Тој сакаше приколка што ќе може да ја прикачи на неговиот автомобил. Таа требаше да биде лесна за да му се олесни секојдневната работа при патувањето наоколу до разните фарми за да ги покажува неговите производи
Во тоа време,браќата Ларсон водеа гаража и имаа некакво искуство во преработката на камионски приколки во приколки за трактори. Браќата го прифатија предизвикот на Сиге Адолфсон и за многу кусо време првата лесна приколка без сопирачки излезе од работилницата. Се покажа дека потребата од овој тип приколки беше голема и поради побарувачката, работата на браќата Ларсон толку се зголеми што тие мораа да побараат нива локација.
Тие решија да се преместат во Валеберг (Valeberg), кој е оддалечен шест километри од Ларв во близина на Рид (Ryd). Таму браќата го составија името на новата компанија од името на областа, ValeRydssläp (Приколки на ValeRyd) За неколку години производство на приколки стана масовно и тие го проширија асортиманот со приколки за превоз на автомобили, чамци и коњи. Во 1967 година во фабриката беше направен првиот транспортер за коњи со А-рамка. Во текот на шеесетите, седумдесетите и осумдесетите години дејноста на браќата Ларсон и Valeryd растеше. До 1991 година повеќе од 10.000 приколки излегоа од производната линија на Valeryd, а најдоброто од сè е тоа што голем дел од нив сè уште се во употреба!
Магнус Ларсон кој ја поседува групацијата Valeryd и е син на основачот Пер-Ове Ларсон, растеше на 200 метри од фабриката објасни што таа значи за него:
„Имам многу спомени од производството, заварувањето, склопувањето и комплетирањето на главно зелени приколки со цврсти заварени челични рамки и дрвени рабови и под. Во производството почнав да работам доста рано, кога имав 10 години, и добивав една круна за секој пневматик што ќе го ставев на бандаж и ќе го напумпав. Користејќи обични рачни алати јас успевав да ставам 30 пневматици за еден час и да заработам цели 30 круни. Така, од рана возраст јас сфатив дека тешката работа се исплатува.“
Секоја генерација на семејниот бизнис става свој знак на работењето. Магнус Ларсон брзо сфати дека има огромен пазар за резервни делови за лесни приколки. Valeryd почна да развива концепт на систем за да ја исполни побарувачката.
Во 2018 година Valeryd ќе слави 60-годишен јубилеј.