Електричен систем и осветлување на приколка

Имајќи ги предвид сите прописи и одредби што се применуваат за разни видови безбедност, од суштинско значење се целосно функционален електричен систем и осветлување на приколката. Исто така, исклучително важно е да биде видливо дали вашето возило влече приколка или караван. Сепак, најважно од сè е дали електричните системи меѓу возилото и влечената приколка функционираат така што околниот сообраќај ќе може лесно да ги види сигналите дадени од светилките на возилото.

Електричен систем

Електричниот систем и осветлувањето на приколката се состои од приклучок, кабел и светилки. Приклучокот ја поврзува приколката со електричниот систем на автомобилот за да можат да светат светилките на приколката. Се разбира дека приколкатаили караванот мора да има целосно функционални задни светла, трепкачи и позициони светла. Приклучокот на приколката има 7 или 13 изводи. Вие само треба да изберете кој одговара за вашето возило. Ако имате било што нејасно во врска со она што е потребно, јавете се и ние ќе ви помогнеме Ако на возилото имате приклучок со 13 изводи, а на приколката приклучок со 7 изводи или обратно, ние се разбира дека имаме адаптери што ќе го решат проблемот.

Различни типови светилки

Светилките на приколката или караванот мора да бидат од истиот тип на целото возило. Ако сакате да го замените моделот на светилката, треба да ги замените сите светилки на приколката поврзани со него, за да гарантирате дека сè ќе функционира како што е дизајнирано. Исто така, можно е да се заменат традиционалните светилки со LED-светла. Има многу предности што ги нудат LED-светлата, на пример, тие имаат долг работен век во однос на обичните светилки. Има и некои значајни еколошки аспекти поврзани со користењето LED-светла наместо обични светилки. Valeryd има широк асортиман на LED-светла. Исто така, ние нудиме и цели комплети за осветлување кои ги имаат сите потребни делови, како приклучок на приколката, кабли на приколката, трепкачи и задни свела. Тие содржат и штипки и клешти